Mинистерот за здравство, д-р Бујар Османи, во рамки на акцијата на Владата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“, засади дрво на локацијата „Дренката“, во близина на градот Штип. Во текот на вчерашниот ден на оваа локација се засадени 100.000 садници, односно 50.000 повеќе од предвиденто.
Министерот Османи, по тој повод искажа поддршка за оваа акција, истакнувајќи дека таа е благородна и ќе има директно влијание врз здравјето на луѓето, за животна средина. Ова се целите од програмата на Владата.
Тој, меѓу другото, соопшти дека во изминатите 100 дена Влада се направи неколку чекори за подобрување на здравствените услуги не само за општина Штип, туку и за регионот на Источна Македо...